Јово Вангеловски е новиот претседател на Врховниот суд, јавува „Телма“. Вака одлучи Судскиот совет на денешната седница. Ова е втор мандат за Вангеловски откако тој четири години беше на чело на Врховниот од 2008 до 2012 година. Доаѓа на местото на досегашната претседателка, судијката Лидија Неделкова.

За вршител на должност претседател на Скопскиот основен суд пак е избран судијата Стојанче Рибарев. Тој на оваа позиција доаѓа од Врховен суд, а претходно бил претседател на Апелациониот суд во Штип.

OhridNews