Фудбалерите на Манчестер Сити го остварија планот на гостувањето кај Вест Бромвич Албион, освојувајќи ги трите бодови, после убедливата победа од 5-0. „Граѓаните“ дилемите околу победникот ги решија во првиот половина час, постигнувајќи три погодоци. Во продолжението реализираа уште два, за конечна победа 5-0.

Вториот погодок на Манчестер Сити, кој беше дело на Жоао Кансело привлече најмногу внимание, затоа што приреди невиден хаос на теренот. Португалецот ја затресе мрежата на домаќините, кои стоеја откако вториот асистент на главниот судија сигнализираше офсајд. После прегледување на ВАР, погодокот беше признат, а грешката е кај вториот асистент, кој не ги испочитува новите судиски правила и сигнализираше офсајд на почетокот од акцијата.

Со трите бодови, Манчестер Сити се искачи на врвот од табелата во Премиер лигата и наговести мртва трка со градскиот ривал Манчестер Јунајтед., кој има бод помалку.

OhridNews