Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, забележаа значајна победа во борбата за пласман во ТОП 4 на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Челси среде Лондон во дербито на колот со 0-2 (0-1).

Гостите од Манчестер и домаќините постигнаа идентичен број на погодоци, но Челси немаше среќа со ВАР технологијата која сосема исправно ги поништи головите на домаќините. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Ентони Марсијал пред крајот на првиот дел.

На почетокот од второто полувреме, Зума погоди за 1-1. Но после прегледување на снимката се виде дека на изедначувачкиот погодок на Зума претходи фаул од капитенот Аспликуета. Во 66-та минута, Мегваер реализираше со глава за втор погодок на гостите и водство 0-2. Челси притисна и погоди, но голот на Жиру понишен беше поради милиметарски офсајд.

Во продолжението од натпревар, Манчестер Јунајтед не дозволи нови возбудувањата во својот казнет простор и водството од 2-0 го преточи во победа.

Разликата помеѓу четвртопласираниот Челси и седмопласираниот Манчестер Јунајтед е три бодови.

OhridNews