Видео технологијата која се користи за помош на судиите во најдобрите фудбалски лиги во Европа, донесе нови полемики, откако на мечот од Премиер лигата, помеѓу Вест Хем – Астон Вила поништен беше погодок поради милиметарска офсајд позиција. Раката на Оли Воткинс беше во недозволена позиција и погодокот кој го постигна во судиското продолжение не беше признат, што предизвика расправија голема расправија во фудбалска јавност.

Што се однесува до ВАР технологијата, уште од порано го кажав моето мислење дека е премногу комплицирано. Но ова што се случи на средбата Вест Хем – Астон Вила е срамота. Некои одлуки апсолутно одат во насока на уништување на фудбалот. – рече после мечот капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш.

Јоаким Лев останува селектор на Германија

Од 2014 година кога го освои трофејот на Мундијалот во Бразил, германската селекција е константен пад во сите натпреварување. Постот без титула не е загрижувачка, но резултатите секако, бидејќи Германија во последниот меч претрпе пораз висок пораз од 6-0 во средбата со Шпанија. Германската јавност го отвори прашањето за иднината на селекторот Јоаким Лев, но куќата на фудбалот во Германија пресече и најави дека нема ништо да се менува.

Највискиот врв во германскиот фудбал заклучи дека селекцијата се наоѓа на добар пат и не треба ништо да се менува до Европското првенство. Селекцијата го задржа статусот во најквалитетната група во Лигата на Нации и промени можат само да и наштетат. – стои во соопштението од германската федерација.

Лев на кормилото во германската селекција дојде во 2006 година на местото од Јирген Клинсман. Од тогаш, Германија со Лев на клупата освои титула Европски првак (2008 година) и Светски првак на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

OhridNews