Македонскиот шампион и актуелен европски првак Вардар е четврто рангиран од страна на ЕХФ која ги избра ТОП 10 екипи фаворити за освојување на Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ не се во посакуваната форма која почна да паѓа по ЕП, а тоа го потврдуваат и резултати на последните натпревари кога беа доживеани два пораза (Барселона, Нант) на гостински терен, додека во „Јане Сандански“ беше победен Пик Сегед и одиграно нерешено со Висла.
Прв фаворит за трофејот е ПСЖ, а пред Вардар се и Барселона со Борко Ристовски и Веспрем со Дејан Манасков во составите. По бранителот на трофејот ЕХФ го рангиран тимот на Нант за кој настапува Кирил Лазаров, а од 6-10.место се: Фленсбург, Киелце, Кил, Кристијанштад и Монпеље.
Вардар одмараат во 1/8 финалето поради првата позиција во групата, а пречка за ново учество на Ф4 ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Кил и Пик Сегед.
OhridNews