Ракометниот шампион во машка и женска конкуренција, Вардар во спортската сала Јане Сандански ќе организира два силни турнири со меѓународен карактер.
Турнирот во машка конкуренција ќе се одржи од 16 до 19 август, а ќе учествуваат Металург, ПИК Сегед, Висла Плоцк, Горење Велење и Кристијанштад.
Недела дена подоцна од 23 до 26 август „црвено црните“ ќе бидат домаќини на женскиот турнир, а учеството го потврдија екипите на Будуќност, Одензе, ЧСМ Букурешт, Ростов и Краснодар.
Организаторот обезбеди парични награди за учесниците во машка и женска конкуренција, а титулите во „Јане Сандански“ освоени пред две години ќе ги брани домаќинот Вардар.
OhridNews