Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар ќе избегне остра санкција од УЕФА, откако ги подмири старите долгови кон фудбалерите, тренерите и европската куќа на фудбалот.
УЕФА, минатиот месец го „замрзна“ Вардар и му даде рок до денеска да ги подмири сите долгови. Македонската гордост ја исполни задачата даде од УЕФА и стави точка на неизвесноста околу клубот. Во спротивно скопските „црвено црни“ ќе се соочеа со казна и забрана за настап во европските натпреварувања под капата на УЕФА.
Промени во Вардар ќе има на директорската позиција. Легандата Дарко Панчев заминува од функцијата, а неговото место ќе го заземе Бобан Грнчаров кој долги години беше капитен на екипата.
После обезбедување на потребните финансиски средства и исплаќање на долговите, Вардар комплетно ќе може да се насочи кон обврските во Првата лига кои започнуваат во февруари месец.
OhridNews