Гостувањето на новиот шампион во регионалната СЕХА лига, учесникот во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони и актуелниот првак во Македонија го крена градот Охрид на нозе. Ракометниот клуб Охрид ги засука ракавите во пресрет на дуелот со Вардар и организираше посета на основно училиште и најавување на играчите пред почетокот на натпреварот како на никој меч до сега во сезоната.
„Гладијаторите“ возвратија со добар почеток на натпреварот, а „црвено црните“ ја покажаа класата пред двеилјадната публика во „Билјанини Извори“.
Мала дамка на ракометниот празник во Охрид остави повредата на Јосип Кежиќ по која Хрватот не го продолжи натпреварот, но за среќа таа не е сериозна и еден од милениците на охридската публика помина без последици.
Фото галерија:
Победнички марш на „црвено црните“ во Охрид
OhridNews