Ракометарките на Вардар против составот на Ѓер ќе играат за златниот медал во Лигата на Шампиони, откако двете екипи успешно ги минаа Букурешт и Будуќност во полуфиналните пресметки на завршниот турнир во Будимпешта.
„Црвено црните“ одиграа маестрален натпревар во полуфиналето совладувајќи го Европскиот шампион, Букурешет со 38-33 (21-13) и го надминаа проклетството наречено полуфинале кое три пати во серија беше неприменлива пречка за македонските ракометарки.
Ефикасниот прв дел во напад и добрата одбрана на „вардарки“ им донесе предност од осум голови кои на крајот се покажаа сосема доволни за пласман во финалниот натпревар.
Избраничките на Ирина Дибирова во финалето ќе се судрат со тимот на Ѓер кој во полуфиналето го елиминираше црногороскиот колектив, Будуќност.
OhridNews