Охридските “бели“ го претрпеа првиот пораз во подготвителниот период. Охриѓани торпедирани на Билјани од Вардар со 4-0. Црвено- црните во првиот дел само еднаш ја затресоа мрежатаа стрелец беше Пеев.
Отпрот го скршија во вториот дел кога постигнаа уште три погодоци. Масев, Ковачевиќ и Јанчевски беа стрелци во продложението.
– Без разлика што игравме со вторлигашка екипа, за мене најбитен е пристапот кон мечот – рече по завршувањето на натпреверот Ратко Достаниќ.
Велкоски во аут

Велкоски е единстевниот играч кој остана во ФК Охрид, од стандардната одбранбена тројка мината сезона. Лошкоски не се појави на стартот на подготовките, додека Степаноски премина во Кически Напредок. Повредата на Велкоски и неговото не играње би била голем удар за охридската екипа пред стартот на првенствотото.












