Титулата од Лигата на Шампиони ги поремети сите планови и донесе поголеми обврски за Вардар во летниот период. „Црвено црните“ на крајот од август месец август ќе учествуваат на Супер Глоуб на кој се натпреваруваат најдобрите, односно шампионите од континенталните клупски натпреварувања.
По тој повод управата на македонскиот и европскиот првак го одложи турнирот во Скопје кој требаше да се одржи во втората половина од осмиот месец во годината. Еден од учесниците на турнирот беше и вицешампионот во Супер лигата, Металург. „Металурзите“, сепак ќе бидат дел од подготвителен турнир и ќе настапуваат на 45-то издание на Меѓународниот турнир во Струга од 12 до 15 август.
Металург со потврдувањето на учество ги заокружи учесниците кои ќе се борат за трофејот на теренот покрај „Женска Плажа“ во Струга. Покрај тимот од Автокоманда на турнирот ќе учествуваат Струга, Охрид, шведски Алингсас, турски Бешикташ и шампионот од минатата година, Шарт од Франција.
OhridNews