
Шкупи за лошата организација на мечот со Вардар и за инцидентите кои се случија по завршувањето на натпреварот е казнет со три меча без публика, но бидејќи со ова Шкупи ја кативираше условната казна, овој прволигаш ќе мора како домаќин да одигра шест натпревари без присутво на публика.
Вардар ќе мора да одигра два натпревари надвор од Скопје, односно на оддалеченост од најмалку 100 километри, бидејќи на мечот со Шкендија беше нападнато раководството на тетовскиот тим.
Двата тима се казнети и парично со по 1.500 евра.
„Макфакс“
OhridNews











