Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако во финалето во Битола со 30-26 (14-12) го совлада градскиот ривал Металург. „Металурзите“ иако изгубија пружија солиден отпор и добро го намачија својот ривал, кој стигна до рекордната 13-та титула во Купот на Македонија.
Најдобар играч на Ф4 турнирот во Битола беше Даинис Кристофанс, наградата за најдобар стрелец ја поделија Филип Кузманоски и Халил Јагањац од Металург, а со наградата најдобар голман се закити Мартин Томовски исто така од Металург.
Фото: Гол.мк
OhridNews