Ракометарите на Вардар ја одбрани титулата во Купот на Македонија. „Црвено црните“ во финалето кое се одигра во Битола славеше над Еурофарм Работник 31:26 (16:13).

Вардар, во Битолла, ја потврди доминацијата во мак ракометот, откако ја освои четвртата последовна титула во Купот, вкупно 12-та во историјата на клубот.

Според очекувањата, најголемиот фаворит без проблеми го освои трофејот. На овој меч варадаровиот тренер во составот ги немаше Марсениќ и Борозан, а Штербик воопшто не влегуваше во игра.

Вардар до победата го предводеа голманот Милиќ со 15 одбрани и Чупиќ кој постигна осум голови.

OhridNews