Македонскиот фудбалски првак, Вардар во среда (утре) со почеток во 19 часот против шведски Малме ја почнува новата одисеја во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ речиси месец дена се подготвуваат за двомечот со шведскиот преставник, кој на хартија пред почетокот на дуелите е фаворит.
Во текот на подготовките скопските фудбалери одиграа четири контролни натпревари. На првиот со Адмира победија 2-0, додека на следните три против Марибор, Матерзбург и Тосно претпреа порази.
Две години во серија фудбалерите на Вардар во првата рунда ја завршуваат својата евро-авантура, а сите во клубот посакуваат надминување на првата пречка и што подолго лето во ЛШ.
OhridNews