Македонскиот фудбалски шампион Вардар во своите редови го доведе Висар Муслиу кој ги бранеше боите на тетовска Ренова. „Црвено црните“ со дефанзивецот потпиша тригодишен договор, а во трката за младиот фудбалер подобри беа од Шкендија.

– Многу сум среќен што ќе бидам дел од Вардар. Дојдов тука да освојувам титули и да играм во Лигата на шампионите. Јас ќе дадам се од себе да се наметнам, да ја оправдам довербата на стручниот штаб и на раководството на клубот. Се надевам дека со добри игри ќе придонесам тимот да освојува уште шампионски и Куп пехари, и да бележи успеси во Европа. – рече Муслиу за клупскиот сајт.

Дефанзивецот ќе биде дел од младинската репрезентација на Македонија која ќе настапува на Европското првенство во Полска овој месец, со што Вардар доби уште еден репрезентативец од таа генерација во своите редови покрај Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бесир Демири, Бобан Николов и можеби и Петар Петковски.

OhridNews