Македонскиот ракометен првак, Вардар е пред остварување на големиот сон за пласман на Ф4 турнирот во Келн, откако во првиот четвртфинален меч во Германија со 26-24 (15-9) го совлада составот Фленсбург.
„Црвено црните“ во вистинско време го одиграа најдобриот натпревар во Лигата на Шампиони и го надиграа во вистинска смисла бундеслигашот.
На крилата од ефикасниот напад и гранитната одбрана предводена од Арпад Штербик во првиот дел „вардарци“ ја стишија атмосферата во „Фленс арената“ и го зедоа кормилото во свои раце. Сигурната и прецизна игра на вардаровите ракометари им донесе предност од шест голови на полувремето (15-9).
На стартот од вториот дел избраниците на Раул Гонзалес Гутиерез го издржаа налетот на домашните ракометари кои се доближија на четири голови. „Црвено црните“ ја стабилизираа играта и поведоа со 23-18, но следуваше нова „бура“ од ракометарите на Фленсбург кои намалија на 23-21.
Ракометарите на Вардар возвратија со серија 2-0 за водство (25-21) и предноста од четири погодоци ја задржаа само минута. Пулените на Љубомир Врањеш напааднаа уште еднаш, а притисокот во финишот им го ублажи поразот (26-24).
Реваншт натпреварот во „Јане Сандански“ се игра на 27 април во четврток.
OhridNews