Македонскиот ракометен првак Вардар се искачи на тронот од регионалната ракометна СЕХА лига.

Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес не покажаа доминатна игра, но со мало вложување на почеток од вториот дел го свртија резултатот во своја полза и го задржаа до крајот на мечот.
Рускиот ракометар Дибиров постигна 11 погодоци, а на голот од Вардар брилираше Шпанецот, Малумбрес со 12 успешни интервенции.
Мх.П.










