За да ја одбрани титулата во финалето кое ќе се одигра в недела “црвено црните“ треба да го совладаат хрватскиот шампион Загреб, како што го направија тоа во полуфиналето победувајќи го македонскиот првак Металург со 22-21 (12-9).
“Црвено црните“ 55 минути царуваа на паркетот не оставувајќи му простор на Металург да ги покаже своите квалитети, но на пет разлика направија грешки и го вратија тимот на Лино Червар во игра за финалето.
Во последната минута екипите стартуваа со 21-21, а нападот им припадна вардарци кои го реализираа. Металург не возврати со иста мера и ќе се бори за утешното трето место Брест Мешков.