(Не)очекуван триумф на Вардар над Силекс во некогаш големото македонско дерби од 1-0 во Кратово. По оваа победа “црвено-црните“ останаа во игра за обезбедување на место во баражот. По поразот од Брегалница со 4-0 Пелистер ги загуби и теоретските шанси за опстанок во лигата, и од наредната година ќе игра во втората лига.


Два гола и два црвени картони на мечот меѓу Металург и Турново кој заврши 1-1, а го водеше охриѓанецот Стевче Шулески. Поцрвенеа голманот на турновци Димоски и дефанзивецот на “зелените“ Митрев. Погодија Милушев и Илијоски.

Дербито во Тетово меѓу Ренова и Работнички заврши без победник 2-2. Романтичарите со головите на Маневски и Туневски имаа 2-0 предност, но “гипсарите“ успеаа преку Емини и Ристов и да го изедначат резултатот.

Утре играат Шкендија – Напредок, додека колото в понеделник ќе го заокружат Тетекс и Скопје

Резултати : Силекс – Вардар 0-1, Брегалница – Пелистер 4-0, металург – Турново 1-1, Ренова – Работнички 2-2.

Табела :

место екипа одиграни П Н И голови бодови
1 Шкeндијa 28  18  54:18  61 
2 Металург 29  17  44:20  57 
3 Ренова 29  15  45:27  52 
4 Рaботнички 29  14  44:26  51 
5 Хоризонт Турново 29  11  12  31:31  39 
6 Силекс 29  10  11  32:33  38 
7 Брегалница 2008 29  11  14  31:38  37 
8 Нaпредок 28  10  12  27:38  36 
9 Тетекс 28  12  25:28  34 
10 Скoпje 28  12  27:33  30 
11 Вардар 29  17  22:41  25 
12 Пелистер 29  22  20:69  15 

Ohridnews