Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја прифати молбата на Вардар и македонскиот фудбалски првак својот ривал во третата квалификациска рунда, Копенхаген ќе го пречека во Скопје на „Телеком Арената“.
УЕФА направи една рокада, односно го смена распоредот, откако Вардар го назначи за прв домаќин во двомечот иако ждрепката сакаше поинаку.
Овој потег е очекуван од УЕФА, бидејќи теренот на „Телеком Арената“ ќе има повеќе време да се среди до 8 август за кога е закажан Супер купот на Европа во кој ќе се сретнат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
„Црвено црните“, данците ќе ги пречекаат на 25 јули во вторник со почеток во 20 часот, а реваншот ќе се одигра недела дена подоцна во Данска.
OhridNews