Македонскиот ракометен првак Вардар силите во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони ќе ги одмери со тимот на Барселона, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваа екипите на Веспрем – ПСЖ.


Со сигурност македонскиот ракомет ќе има свој преставник во финалето од Лигата на Шампиони, бидејќи во Барселона настапуваат репрезентативците Кирил Лазаров и Борко Ристовски.

Завршниот турнир во ЛШ се игра во „Ланкасе арената“ во Келн првиот викенд во јуни месец.

OhridNews