Ракометниот клуб Вардар без услугите на Игор Карачиќ ќе му се спротистави на Нант во Скопје во рамките од втората рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Карачиќ се пожалил на болки во зглобот од левата нога, а лекарскиот тим посочил дека најдобро е тој да мирува и да не игра во првиот меч на „вардарци“ во „Јане Сандански“.

Покрај хрватскиот репрезентативец поради повреда во комбинација не е ниту Страхиња Милиќ кој го лекува грбот.

„Црвено црните“ во првиот меч од ЛШ ја совладаа Висла Плок во Полска со 26-22. Натпреварот со Нант се игра в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути.

OhridNews