Македонскиот куп освојувач Вардар убедливо со 35–24 го совлада Санкт Петербург во првата рунда од мечевите Б групата на 42.издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга.
Во групата А, Азоти Пулави славеше со 30-25, враќајќи ги шансите на македонскиот шампион Металург сепак да успее да стигне до финалето и да го брани трофејот освоен лани.
„Металурзите“ ќе треба во меѓусебниот меч да бидат подобри од Азоти Пулави со најмалку пет погодоци разлика, за да ја остварат целта.
ohridnews