Ракометниот клуб Вардар направи голем чекор кон одбрана на титулата во македонскиот ракометен шампионат, откако со убедливи 38-25 го совлада Металург во одлучувачкиот натпревар во „Јане Сандански“ во рамките од шестата рунда од плејофот во Супер лигата.


„Црвено црните“ со триумфот од 13 разлика ја надополнија негативата од три голови (29-26) од првиот натпревар и со камата им наплатија на „металурзите“ за поразот на стартот од плејоф мечевите.

Домашните ракометари после 15-20 минути игра од првиот дел почнаа да ја плетат мрежата за победата одлепувајќи се на пет голови предност. Во продолжението од мечот разликата во корист на Вардар растеше од минута во минута за на крај да изнесува 13 голови, или (38-25). 


Игор Карачиќ со 8 голови беше најефикасен во тимот на Вардар, а добра партија пружи Арпад Штербик кој нанижа 16 интервенции. Во составот на Металург со 8 погодоци мечот го заврши Обрадовиќ, а голманот Арсиќ 11 пати успешно интервенираше.

Фото: 24ракомет.мк
OhridNews