Поранешната репрезентативка на Македонија, Јулија Николиќ (Портјанко) го напушти рускиот тим Ѕвезда Звенингород и потпиша едногодишен договор со Вардар.

Доаѓањето на Николиќ во составот на “црвено црните“ преставува шлаг на тортата што се однесува за засилувањата во зимскиот преоден рок. Варда се засили со репрезентативките Билјана Црвенкоска и Драгана Пецевска, а и донесе ракометарки од Шпанија и Бразил.

Тренерот на Вардар, Индира Кастровиќ за пролетниот дел од шампионатот ќе има екипа која рамноправно ќе им се спротистави на ривалот Металург за титулата.

Мх.П.