Македонските преставници Вардар и Шкендија во последната квалификациска рунда за пласман во Лигата на Европа силите ќе ги одмерат со Фенербахче односно Милан.
Скопските „црвено црни“ со новиот тренер на клупата Чедомир Јаневски пред своите гледачи ќе атакуваат на позитивен резултат. – Немам премногу време за анализи, но имаме да се подготвиме и мотивираме за противник каков што е Фенербахче. Голема чест и задоволство ми преставува што ќе го тренирам клубот во кој започна целата моја фудбалска приказна. – изјави Јаневски.
Тетовчани „пукаат од самодоверба“ пред дуелот со Милан на Сан Сиро. Шкендија втора година по ред стигнува на чекор од пласман во Лигата на Европа, но годинава ќе имаат тешка задача, бидејќи „росонерите“ се главни фаворитите за освојување на трофејот.
Вардар мечот на „Телеком арената“ го игра во 20 часот, додека Шкендија во Милано гостува во 20 часот и 45 минути.
OhridNews