Ракометарите на Вардар со победа над Висла Плок 26-22 (13-9) на гостински терен тргнаа во одбрана на трофејот во Лигата на Шампиони.

Македонскиот првак одигра одлично прво полувреме и завршни десет минути, додека останатите дваесет минути се заборав.

Избраниците на Раул Гонзалез во првото полувреме го контролираа резултатот и текот на играта што им донесе плус четири (13-9).

„Црвено црните“ во првата половина од второто полувреме постигнаа само два голови, а домаќините го искористија таквиот негативен ефект и успеаја да стигнат до егал 15-15.

По минутата одмор, ракометарите на Вардар со серија 3-0 ги вратија работите во колосек и наговестија победнички почеток во фазата по групи.

Во листата на стрелци се истакнаа Вуко Борозан со пет голови и Игор Карачиќ и Иван Чупиќ кој реализираа по четири.

Во втората рунда Вардар на домашен терен ќе го пречека тимот на Нант во кој настапува капитенот на Македонија, Кирил Лазаров.

OhridNews