Скопските „црвено црни“ со триумф (2-0) на Адмира Вакер на „БСФЗ – Арената“ ги започнаа натпреварите во подготвителниот период кој го минуваат во Австрија.
Фудбалерите на Вардар поведоа со деби голот на Исени во првиот дел, додека победата ја запечати Тигран Берсегјанна стартот од вториот дел.
Во подготовките во Австрија шампионот на Македонија ќе одигра уште три контролни натпревари и тоа ЦСКА Москва, Матерсбург и уште еден противник кој дополнително ќе биде договорен.
ОhridNews