Ракометарите на Вардар успешно им се вратија на обврските во македонскиот шампионат совладувајќи го составот на Борец на домашен терен со 39-28 (19-13) во заостанатиот натпревар од 5-та рунда.
„Црвено црните“ со триумфот над велешките ракометари го најавија супер дербито со Металург кое ќе одлучува за титулата во Супер лигата.
„Металурзите“ првиот натпревар во Автокоманда го добија со три голови разлика, а „вардарци“ (ќе) мораат да победат повеќе за да ја осигураат првата позиција на табелата.
Големото дерби се игра во четврток во спортската сала „Јане Сандански“.
OhridNews