Ракометниот клуб Вардар со титула од ракометната Супер лига ја заокружија најуспешната сезона во македонската клупска историја. „Црвено црните“ четвртата титула во серија ја заверија со триумф над Борец во Велес, а прославата ја направија во својата арена „Јане Сандански“.

Вицешампионската позиција им припадна на ракометарите на Металург, кои обезбедија пласман во регионалната СЕХА лига, а најверојатно ви во Лигата на Шампиони, откако РФМ аплицираше за вајлд карта.

Трет низ целта во Супер лигата помина охридскиот состав, кој овој успех го најави со освојување на титулата во регуларниот дел од сезоната. Третото место на „гладијаторите“ им донесе пласма во ЕХФ купот.

На четвртата позиција финишираше битолски Пелистер, но Еурофарм Работник кој заврши на петтата позиција ќе игра во Челенџ Купот поради учеството во финалето во Купот на Македонија.

Од Супер лигата отпадна тимот на Работнички, а влезе Младост. По пат на бараж нова можност за натпреварување обезбеди Металург 2 кој го совлада Вардар 2.

OhridNews