Женскиот ракометен првак во Македонија, Вардар без грешка со перфектен скор од шест победи во шест мечеви ја заврши првата од трите фази во Лигата на Шампионите. „Црвено црните“ шестата победа во Ц групата ја забележаа пред своите гледачи совладувајќи го Турингер со 29-21 (12-12).

Германските ракометари нецели дваесет минути оддолева од вардаровиот напад и имаа решение за бедемот пред голот на Амандин Лејно. После дваесет минути избраничките на Ирина Дибирова го презедоа водството и стигнаа до три голови предност. Но, до крајот на првиот дел Турингер се врати и успеа да избори егал (12-12).

Работите на свое место ракометарките на Вардар ги донесоа на стартот од вториот дел. Играта без голман не им се исплатеше на гостинскиот состав, бидејќи „вардарки“ со лесни голови стигна до шест позитива (20-14).

Во продолжението од мечот водството варираше од пет до осум голови, а токму со таков краен резултат (29-21) „црвено црните“ стигнаа до шестиот триумф во исто толку одиграни мечеви.

Најпрецизна во составот на Вардар беше Александра Лакребре со седум голови, еден помалку постигна Јованка Радичевиќ, а одличен скор имаше Полина Кузнецова која имашет пет голови од пет обиди.

OhridNews