Европската куќа на ракометот (ЕХФ) го рангираше составот на Вардар за најголем фаворит за освојување на трофејот во Лигата на Шампиони сезонава.


Ракометарките на Вардар предводени од Дејвис Камара на клупата се единствена екипа сезонава без пораз, имаат серија од осум победи, а четвртфиналето го обезбедија по само две одиграни дуели во главната фаза.

„Вардарки“ решителноста да одат до крај сезонава, односно пласман во финалето и медал ја покажаа на гостувањето во Морача совладувајќи го Будуќност.

После „црвено црните“ на листата се наоѓаат актуелниот шампионки ракометарките на Будимпешта, унгарскиот состав Ѓер, Ларвик и други..

Ранг листа на ЕХФ

1. Вардар

2. ФТЦ Будимпешта

3. Ѓер

4. Ларвик

5. ЧСМ Букурешт

6. Митјиланд

7. Мец

8. Будуќност

9. Турингер

10. Есбјерг

OhridNews