Европскиот вицепрвак Вардар се засили на левата крилна позиција, откако во своите редови ја доведе руската репрезентативка Полина Кузнецова.

30-годишната ракометарка со македонскиот шампион договори двогодишна соработка. Кузнецова ќе биде замене за Камила Херем која по само една сезона реши да замине од Скопје.

Кузнецова со своето искуство треба да му помогне на Вардар во ЛШ да го направи последниот чекор, односно искачувањето на највисокото место на тронот.

Русинката е вкупно трета ракометарка која пристигнува сезонава после македонските ракометари Мирјета Бајрамоска и Јована Саздовска.

OhridNews