Ракометарките на Вардар имаа победнички почеток во фазата по групи во Лигата на Шампиони совладувајќи го тимот нна Ференцварош so 34-31 (20-11).
„Црвено црните“ одиграа маестрални педесет минути во кои го растурија противникот од Унгарија. Откако ја осигураа победа домашните ракометарки се опуштија, а гостинските максимално го искористија и стигнаа до прифатлив пораз од три погодоци.
Фантастично деби во дресот на Вардар имаше Цвијиќ со 7 голови, исто толку постигна и Лекиќ, а бековите Пенезиќ и Лакрабер реализираа по шест.
Во втората рунда во групната фаза Вардар гостува во Германија кај составот на Турингер.
OhridNews