Ракометарките на Вардар во голем стил со убедлива победа над Лајпциг 45-22 (22-9) ја завршија првата фаза во Лигата на Шампиони.


Со триумфот над германките избраничките на Дејвис Камара го осигураа првото место во групата пред составот на Ференцварош.

Македонскиот шампион во женска конкуренција победникот на натпреварот очекувано го реши во првиот дел кој го добија со високи 13 погодоци разлика.

„Вардарки“ во вториот дел дополнително ја зголемија предноста на семафорот и ја забележаа петтата победа во шестиот натпревар.

Со 10 погодоци од исто толку обиди најефикасна беше десниот бек Александра Лакрабере, пет реализираше Јованка Радичевиќ, а по четири голови постигнаа Барбара, Лазовиќ, Андреа Човиќ, Андреа Лекиќ и Сара Ристовска.

OhridNews