Фудбалскиот клуб Вардар пропушти одлична шанса да го елиминира Копенхаген и да дојде на чекор од групната фаза во најемитното клупско натпреварување, Лигата на Шампиони.

„Црвено црните“ цело прво полувреме и поголем дел од второто иако губеа (2-1) имаа резултат кој ги водеше понатаму. Кога домашниот состав остана со фудбалер помалку, Вардар место да го финишира мечот дозволи да прими нови два голови и да отпадне од понатамошните мечеви.

– Нормално дека сите сме разочарани од резултатот и од фактот дека испаднавме од Лигата на шампионите. Имавме добар резултат од првиот натпревар. Првиот гол го примивме многу рано уште во втората минута, но и после тоа успеавме да се вратиме и да израмниме, за брзо Копенхаген среќно да дојде до тој втор гол. Потоа добро се држевме, добивме и играч повеќе. Наместо сето тоа да го искористиме, примивме два гола. Синоќа секој фудбалер на Вардар сакаше да испише историја на клубот. Тоа што се случи сигурно дека ќе не боли. Но, јас сум сигурен дека можеме да обезбедиме пласман во Лигата на Европа. Имаме уште два натпревари и мораме да излеземе со кренати глави. Ние сме професионалци, верувам во тимот и во стручниот штаб. Знам дека можеме да се подготвиме добро за натпреварите во Лигата на Европа. На сите покажавме дека сме добра екипа. Копенхаген е тим кој што е редовен учесник во Лигата на шампионите, вреди многу повеќе од нас, а синоќа среќно дојде до победа и до пласманот понатаму. На цела Македонија и покажавме дека можеме да се носиме и со вакви противници. – изјави голманот Гачевски, за сајтот на Вардар.

Разочараноста не ја криеше ниту дефанзивецот Бесир Демири. – Само 15 минути нè делеа од пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Примивме така да кажам ефтини голови, и сме поразени. Штета, навистина штета затоа што имавме голема шанса. Играч повеќе на терен, резултат кој што нè носеше во следната фаза, меѓутоа потоа примениот гол делуваше целосно демотивирачки за нас и до крајот е можевме да се вратиме. Одиме понатаму, пред нас има уште европски натпревари, почнува и првенството и мораме полека да заборавиме што се случи и да гледаме само кон напред, колку и да боли поразот од Копенхаген.

„Црвено црните“ европските натпревари ќе ги продолжат во четвртата воедна и последна рунда за пласман во Лигта на Европа.

OhridNews