ВМРО ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните и на економските перспективи на нашата земја. Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот на граѓаните за кои ВМРО ДПМНЕ неуморно ќе продолжи со реализацијата на крупни инфраструктурни проекти, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5, Д-р Сашо Василевски, што ја одржа на дел од автопатот Кичево-Охрид каде во тек се интензивни градежни активности.
– Автопатот од Кичево кон Охрид е комплетно нов автопат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри. Овај автопат е дел од Паневропскиот коридор 8. На автопатот ќе се изгради најдолгиот тунел во Република Македонија во должина од 1.990 метри, потоа 7 мостови, 6 надвозници, 13 подвозници, 22 вијадукти. За овој проект предвиден е буџет од 374 милиони евра. Планирано е изградбата да заврши 2018 година, рече Василевски.
Василевски додаде дека патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата.
– Во нашата земја патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници и затоа е од големо значење и за животот на граѓаните и за превозниците. Во основа постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет и ќе продолжиме да се залагаме патната инфраструктура во нашата земја да го стигне највисокото ниво на квалитет. Граѓаните ги препознаваат наште реализирани проекти и затоа на престојните избори на 11 декември несомнено ќе ја дадат подршката на ВМРО ДПМНЕ со заокружување на бројот 1, нагласи Василевски.
OhridNews