ВМРО ДПМНЕ како сериозна политичка партија продолжува да инвестира во секој сегмент од здравството, затоа што секоја инвестиција во здравството е инвестиција за сите сегашни и идни генерации, инвестиции за здрава нација и здраво општество, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5, Д-р Сашо Василевски. Василевски зборувајќи пред објектот на болницата „Св.Еразмо“ каде во тек се интензивни градежни активности за реновирање на болницата, истакна дека врвен приоритет за ВМРО ДПМНЕ продолжува да биде унапредувањето на здравствениот систем и подигнувањето на квалитетот на здравствените услуги за граѓаните.

– Како еден од најзначајните проекти од здравствената област за градот Охрид е осовременувањето и унапредувањето на условите во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”. Започнато е реновирање и адаптација на објектот, со што е опфатено и преселување на Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Со проектот се придонесува кон осовременување и унапредување на условите за третман на пациентите, а со тоа и подигнување на квалитетот на медицинската нега, рече Василевски.

Тој додаде дека ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба, а предвидено е реновирање и реорганизирање на амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата и другите дијагностички содржини. Предвидено е овој проект да се заврши во месец Јули наредната година, со буџет од 215 милиони денари.

– За специјалната болница ќе се набават 344 медицински апарати од кои што ќе наброиме само неколку: Пендант за интензивна нега со можност за поставување на монитор, инфузори, перфузори, и друга додатна опрема за интензивна нега, респиратор со волуметриска и притисочна контрола, апарат за анестезија, електрокаутер за ортопедски  процедури, 13 електрични кревети за пациенти интензивна нега, повеќекратен селсервер за реинфузија на сопствена крв – систем за периоперативна автотрансфузија при ортопедска хирургија, апарат за стереилизација на воздух во присуство на персонал во операциона сала, затоплувач на пациент (три апарати), монитор за витални парамтери, автоматизиран (електричен) држач за колено, фибероптички ларингоскопски сет и уште многу други, потенцира Василевски.

Кандидатот за пратеник Василевски нагласи дека ВМРО ДПМНЕ продолжува со реализација на ветувањата за понапредно и поквалитетно здравство, залагајќи се да има здравје во секој дом и здравје за секој граѓанин.

– Грижата за граѓаните и нивното здравје за нас претставува дополнителен поттик да продолжиме со вложувањата во сите сегменти во здравството, со цел натамошно подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Како што знаеме сите ние главна идеологија на нашата политичка партија ВМРО ДПМНЕ е неуморно да се грижи и залага за секој граѓанин на нашата земја во сите сфери од секојдневното живеење и затоа се бори да изгради помодерно и поквалитетно здравство, рече Василевски.

OhridNews