Еден од најзначајните постулати во изборната програма на ВМРО- ДПМНЕ е обезбедувањето на соодветно ниво на социјално најранливите категории на луѓе, со што се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во целост се осврнува на потребите на граѓаните и им овозможува зголемување на животниот стандард, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник, д- р Сашо Василевски.

– Во следниот мандат владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ ќе ја зголемува социјалната помош за 5% годишно со исплата почнувајќи од јуни и тоа ќе биде пораст на социјалната помош за следните 4 години од 21,5%. Политиката на планираниот пораст е возможна доколку не се случи сериозна надворешна криза која негативно би влијаела врз економската и финаниска состојба на Македонија, истакна д- р Василевски.

Меѓу најзначајните предвидени проекти со изборната програма на ВМРО- ДПМНЕ, д- р Василевски го истакна проектот за еднократен отпис на долгови на лица од социјално загрозени семејства, невработени подолго од 12 месеци, кои активно бараат работа и немаат приход годишно повеќе од 100.000 денари, лица кои доживеале семејна несреќа, кои имаат долгови за неплатена електрична енергија, минусни банкарски салда,неплатени сметки за парно греење, радио дифузна такса.

Како што рече Василевски, од обемната програма на ВМРО- ДПМНЕ која брои 2046 проекти, би ги издвоил и проектите: Подари книга, За секое дете му е потребно семејство, Ослободување од плаќање радио дифузна такса за семејства кои користат социјална парична помош, проектот за отворање народни кујни, за условен паричен надомест за ученици од средни училишта кои потекнуваат од семејства корисници на социјална помош.  

OhridNews