Василичарски огнови сииноќа гореа во сите охридски маали. Весело и разиграно беше насекаде, а меѓу најрасположените василичари по традиција беа тие од Влашка маала. Голем број граѓани се собраа околу огнот и со топла ракија, вино, традиционалните домашни колбаси и музика се веселеа до доцна во ноќта. Дипломатски шмек на забавата и даде евроамбасадорот Фуере, кој во придружба на градоначалникот на Охрид ги посети василичарите во Влашка маала.


Василичарската ноќ во Влашка маала со дипломатски шмек

OhridNews