Вечерва со почеток во 23 часот и 30 минути во дискотеката Парк ќе започне големиот Василичарски маскенбал на кој се очекуваат голем број гости кои ќе учествуваат во забавата под маски.

Предвидена е богата програма, а за доброто расположение на гостите ќе се погрижат и стенд ап комичарот Никола Тодороски и неколку ди џеи од Охрид.

Од страна на организаторите предвидени се и бројни парични и стокови награди.

OhridNews