Со василичарски оган   и барање паричка  во погача, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, претпладнево се приклучија во одбележувањето на православна Нова година.

По тој повод, општина Охрид на дечињата им подели василичарски пакетчиња, а заменик  градоначалникот Ангел Јанев , посакувајќи им добро здравје и весело  детство, посочи дека традицијата мора да се негува од рана возраст и на тој начин да се пренесува од генерација на генерација.

Локалната Самоуправа ги поздравува сите иницијативи кои детската градинка “Јасна Ристеска“  ги реализира а во кои децата се главниот сегмент.“ – рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

На денешното случување проследено со музички хепенинг, две девојчиња беа најсреќни, односно ги најдоа посакуваните парички за среќа. 

OhridNews