Новоформираното здружение на граѓани “Св. Кирил и Методиј” од месната заедница Кошишта за прв пат од оваа година започна со организирање маалска прослава по повод празникот “Св. Василиј Велики” – Василица (Стара Нова Година).

Околу големиот оган се собраа околу стотина жители од сите возрасти што живеат во оваа месна заедница. Во придружба на добра музика се пиеше црвено вино, греана ракија и се печеа колбаси на жар.

Во духот на традицијата се вртеше комат со паричка. Според старите обичаи, се верува дека среќата преку цела година ќе го следи оној кој ќе ја пронајде паричката.  Расположението беше на високо ниво што дури и се заврте оро околу огнот.


Василичарскиот оган се разгорe и во Кошишта

За многу години Василица!

OhridNews