Ем стара ем нова година. Православните верници вечерва го слават доаѓањето на Новата година според Јулијански календар. Традиционално за празникот богата понуда подготвија охридските угостители.

Дочекот на Стара Нова година во хотелот „Гарден“ чини 990 денари со свечено мени и неограничен пијалак.

Пицеријата “Cosa Nostra” понуди Василичарско мени по цена од 170 денари и чаша вино за 50 денари.

Празнично мени и изненадувања има и во лаунџ бар и кафе Кадмо каде понудата е збогатена со колективно следење на натпреварите од ЕП во ракомет.

Традиционално ресторанот Св. Софија нуди широк избор специјалитети, а ресторанот „Потпеш“ атрактивни цени на риба по цена од 60 денари плашица/порција и белвица за само 600 денари/кг.

Традиционално ноќниот клуб Cuba libre Hаvana организира маскембал, а загревањето е во beach & bar Cuba Libre.

Во „Dj Pizza“, пак, секој понеделник е празник. Со секоја купена голема пица следува мала гратис, како и подарок CD од легендарниот Dj Crazy Slave.

OhridNews