Охридските кошаркари ја забележаа втората победа сезонава во Првата лига, откако на домашен терен со 73-64 славеа против ссоставот на Вардар.
„Галебите“ одиграа две различни полувремиња. Во првото полувреме доминираа, и имаа 20 поени позитива, додека во вториот дел гостите се вратија во игра, но охридските кошаркари не дозволија изненадување.
– Заслужена и тимска победа извојуваме која ни требаше многу за атмосферата и за враќање на самодовербата во екипата. Многу се потрошивме на дуелот со Кожув што се осети во вториот дел. Тие одиграа максимално ангажирано во второто полувреме, но ние не дозволивме да ни избега победата од раце. – изјави Милојко Василиќ.
Најпрецизниот во охридскиот состав со 22 поени најави голема борба со Пелистер во меч кој ќе стави точка на есенската полусезона во Првата лига.
– Во Битола ќе биде вистинска борба за бодовите. Ние подготвени и желни ќе патуваме таму, а верувам дека сите ќе дадеме максимум за победа која ќе ни обезбеди мирна зима. – заврши српскиот интернационалец.
(LIVE STREAM) Прва лига: Охриѓани им се вратија на победите
OhridNews