Традиционално, и оваа година во населбата Кошишта во дворот на домот „Св. Кирил и Методиј“ се прослави Василица.

Околу големиот оган се собраа жители од сите возрасти кои живеат оваа месна заедница. Почнувајќи до најмалите, кои треба да ја продолжат и негуваат традицијата, па се повозрасната популација.

За да биде дочекот на Стара Нова година комплетен, после 12 часот старите кумови Снежана и Чедо Змејкоски,  изнесоа баница во која беше паричката. Среќата оваа година им се насмевна на Тања и Сашо Мариноски, кои се новите кумови и кои ќе го продолжат овој обичај.

Исто така, на настанот присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, кој припаѓа на оваа месна заедница.

OhridNews