Министерството за култура информира дека на Конкурсот за избор на директор на Националната установа „Охридско лето“ за директор на оваа институција е избран Васко Василески.

Министерот за култура, врз основа на предлогот од Комисијата, одлучи дека Василевски ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената Програма за работа и развој на установата за периодот 2011-2015 година, дека поседува стручни и други квалитети.

Кандидатот во предложената програма нуди предлози за подобрување на техничката опременост и организациското поставување на фестивалот, како и програмско зајакнување, пласман на фестивалот преку маркетиншки активности, техничко унапредување на постојните сцени, како и дополнување со нови, велат од надлежното министерство.

Новоименуваниот директор на “Охридско лето” е брат на светски познатиот гитарист и џез уметник, охриѓанецот Владимир Четкар.

OhridNews