Дефанзивецот Александар Васоски по 33 одиграни средби и два постигнати гола, се одлучи да им стави крај на настапите за македонската фудбалска репрезентација. Васоски (31) кој во последните неколку сезони повеќе време минува на рехабилитација, отколку на теренот, истакнда дека повредите го приморале на ваков потег.

– Ми беше гордост да настапувам за македонската фудбалска репрезентација, но поради честите повреди веќе не сум во можност да помогнам, ова ќе биде мое простување со националниот тим, во кој со задоволство играв во изминативе осум години – вели Васоски.

Фудбалската федерација на Македонија пред почетокот на натпреварот со Камерун ќе му врачи признание на Александар Васоски за успешна репрезентативна кариера и простување од националниот тим (Плакети и дрес со број 33).

М.П.