Македонската фудбалска репрезентација во Охрид ги продолжува подготовките за квалификацискиот напревар за пласман на ЕП 2008, против Хрватска во Загреб. Атмосферата во А тимот е одлична велат репрезентативците. Вчера тие имаа само еден тренинг, попладнето, а повеќе се работеше на тактиката. Стручниот штаб внимателно ги анализира матерјалите од настапите на Хрватска која дома има извонреден учиник и не е поразена со години. Но и ние сме големи на гостувањата, на последните 4 натпревари во гости имаме 3 победи и едно реми, против Англија на Олд Трафорд.

Мотивацијата е уште поголема отколку за натпреварот со Англија. Хрватска е силна репрезентација и има доста квалитетни фудбалери, но и ние имаме свои квалитети и ќе настојуваме на овој натпревар да останеме непоразени, најавува Васовски.
Македонска фудбалска репрезентација денеска на СРЦ Билјанини извори (16ч.) ќе го одржи последниот тренинг во Охрид. Утре репрезентацијата со специјален чартер лет од охридскиот аеродром заминува за Загреб каде во сабота на “Максимир“ (20:15ч) го играме мечот со Хрватска.
Г. Момироски










